Деца

за нашите најмали на возраст од 6 до 12 години

Емоции

Што знаеш за емоциите?

Емоциите се лични човечки чувства што го одредуваат расположението. Од емоциите зависи како ќе се однесуваме.

Што знаеш за емоциите?

Некои емоции ги чувствуваме позитивни – како среќно, сакано, задоволно, сигурно, радосно, благодарно или вклучено. Други емоции може да се негативни – на пимер, налутено, уплашено, засрамено, виновно, тажно или загрижено. И позитивните и негативните емоции се нормални. Еве неколку примери на позитивни и негативни емоции:

Негативни емоции

  • Лутина/бес
  • Незадоволство
  • Тага
  • Анксиозност/вознемиреност
  • Страв
  • Срам
  • Вина
  • Љубомора

Позитивни емоции

  • Среќа
  • Љубов
  • Задоволство
  • Радост
  • Благодарност
  • Грижа
  • Очекување
  • Изненадување
  • Воодушевување

Луѓето со позитивни емоции се расположени, енергични, спремни да им помогнат на другите и можат да ги надминат тешкотиите. Негативните пак емоции ги прават луѓето несреќни, нерасположени, обесхрабрени, повлечени во себе и нервозни.

Три чекори како да ги управуваш твоите емоции 

  1. Познавај ги твоите емоции
    • Препознај ги точно твоите емоции
    • Разбери што ги предизвикало
    • Биди чувствутелен/на и кон емоциите на другите
  2. Изрази ги своите емоции на добар начин
    • Изразувањето на позитивните емоции ќе ни го направи животот поубав и побогат. Исто така, и односите со другите ќе ни бидат подобри и поуспешни
    • Не ги потиснувај емоциите. Изрази ги и негативните емоции на мирен начин за да не се повредиш ниту себеси ниту другите.
  3. Контролирај ги своите емоции успешно
    • 3.1 Контролирај ја лутината
      • Остани подаелку од се што те лути или ја зголемува твојата лутина
      • Прави активности што се пријатни, на пример, слушај музика, вежбај, или прошетај во природа/парк
      • Биди расположен/на и смеј се
    • 3.2 Намали ја тагата колку можеш
      • Разбери зошто се чувствуваш тажно, што е причината и соочеи се храбро со проблемот
      • Избегнувај да размислуваш одново за нешто што не успеало
      • Комуницирај и прифати ја помошта од твоите родители, наставници, другари/ки и соученици
    • 3.3 Ослободи се од вознемиреноста и стравот
      • Спреми се за пубертетот
      • Учествувај во групни активности за да го намалиш стравот од непознати места
      • Добро подготвувај се за тестови или натпревари
      • Кога ќе почувствуваш голема вознемиреност и страв, пробај да правиш вежби за опуштање и диши длабоко неколку пати
    • 3.4 Ослободи се од срамот/Не се срами
      • Научи да си ги прифатиш сопствените ограничувања
      • Почитувај го секој свој напор
      • Учи од неуспехот. Одново изгради ја самодовербата
    • 3.5 Ослободи се од чувството на вина
      • Ако згрешиш или не успееш не претерувај со чувствата
      • Откриј ја причината за неуспехот и обиди се да не ги направиш истите грешки.
      • Одбегнувај да се каеш постојано за нешто што се случило во минатото. Биди храбар/храбра и соочи се со нови предизвици.

Super User