Тинејџери

Ние сме тука за вас, што и да имате на ум. Ќе ве поддржиме. Ќе ве водиме. Можеме да ви помогнеме да донесете вистински одлуки. Нашите совети и техники, идеи и инспирација можат да ви помогнат да чувствувате поголема контрола. Можете да дојдете до нив во секое време!

Тинејџери


Ние сме тука за вас, што и да имате на ум. Ќе ве поддржиме. Ќе ве водиме. Можеме да ви помогнеме да донесете вистински одлуки.

Нашите совети и техники, идеи и инспирација можат да ви помогнат да чувствувате поголема контрола. Можете да дојдете до нив во секое време!

  Онлајн другарството е пријателство кое најчесто се случува на интернет и ретко или речиси никогаш не се комбинира со интеракција во вистинскиот живот. Споредбено со офлајн другарството кое е традиционално меѓусебно другарство со интеракција лице в лице. Другарството преку интернет завзема се поголем замав и започнува најчесто во тинејџерските години, а има предиспозиции да продолжи и понатаму.

Добрината ни е карактеристично својство на  тој што е добар што има пријателско расположение спрема луѓето, спремност за давање помош, великодушност. За жал добрината денес е ретка особина и ни е се помалку застапена. Вредноста на добрината денес е многу скапа и не секој може да ја поседува. Добрината не се раѓа од големината, туку големината од добрината, а ние сме тие што одлучуваме по кој пат ќе чекориме.

Анксиозноста го доби своето име дури кога бев средношколка.

Пред тоа беа мислите кои ми правеа паника во главата, стравот од нови ситуации, немањето на здив, а понекогаш и вртоглавиците.

Стравувам... Додека бев мала, еден од моите најголеми стравови ми беше мракот. Не можев да заспијам навечер доколку не ми беше вклучено светлото во собата. Денес, на 21 година веќе не се плашам од мракот. Но, затоа тој страв го заменија други, поголеми и пореални стравови.