За Ало Бушавко

Ало Бушавко: Твој пријател кога имаш проблем

Твојот проблем е помал кога ќе се сподели. Твојата тајна е и наша тајна.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА АЛО БУШАВКО

НАШИТЕ СОВЕТУВАЧИ СЕ СЕКОГАШ ТУКА ДА ТИ ПОМОГНАТ, ДА ТЕ ИСЛУШААТ

Со еден повик поблиску до тебе

КАКО МОЖЕМЕ ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ

Ало Бушавко е пријател на сите

Деца

возраст од 5 до 12 години

Тинејџери

возраст од 12 до 18 години

Родители

и Старатели

Училиште

и Наставници

За Ало Бушавко

Дознај како Ало Бушавко може да ти помогне

Бесплатно психосоцијално и правно советување, поддршка и насочување, упатување до државна институција која е надлежна за конкретниот проблем

Повик за пишување текстови за веб-страницата АлоБушавко

Ни претставува задоволство да Ве поканиме, да дадете свој придонес во вид на пишан текст, за АлоБушавко

Како се чувствуваш денес?

Чувствата некогаш е тешко да ги разбереме. Можеби некогаш и не знаеш зошто така се чувствуваш. Но ние сме секогаш тука да те поддржиме и да те разбереме.

СРЕЌНО

Среќно

Одлично е да се слушне дека денес се чувстувуваш одлично! Малите чекори носат големи успеси! Бушавко се радува со тебе ? Понеси ја насмевката со себе и израдувај ги и луѓето околу тебе/ саканите!

Среќата е надворешен израз. Среќата ја бараме, но радоста ја избираме. Среќата ни се случува нам. Можеби ја бараме, ја посакуваме итн., но чувството на среќа не го бираме свесно, зависи од нешто што е надвор од нас.

Кога е среќата присутна, таа е поголема од животот. Убаво се чувствуваме и ништо не ни дава подобро чувство ниту заслужува поголемо внимание од неа. Но истовремено среќата е променлива. Може да трае неколку недели и да исчезне во еден миг. Среќата ја нема кога ни е тешко, затоа што не може да постои кога владее несреќата.

РАДОСНО

Радосно

Најдобрите и најубавите нешта во животот се бесплатни! Радоста се наоѓа во се! Се радуваме што си радосен/а!

Радоста е внатрешно чувство. Радоста се зголемува со поврзаноста. Радоста е избор што го правиме зашто сакаме да сме радосни. Кога сме радосни никој не може да ни ја уништи почитта кон себеси и самодовербата.

Возможно е да почувствуваме радост и во тешки времиња, затоа што и во тие времиња, ако сме радосни можеме да растеме и да ги видиме можностите. Може да чувствуваме радост дури и кога тагуваме или кога не сме сигурни. На радоста не и е потребна насмевка за да постои. Иако радоста подобро се чувствува со среќна насмевка, таа може да се чувствува во исто време и со тагата, лутината, стравот, па дури и кога се чувствуваме несреќно.

ЗАЉУБЕНО

Заљубено

Вистинската среќа се доживува во срцето. ЉУБОВТА е насмевка, прегратка!

Што е љубов?

Љубовта е низа емоции и однесувања како грижа, блискост, заштита, привлечност, сакање и доверба. Љубовта може да има различна јачина којашто може да се менува со текот на времето. Љубовта е поврзана со низа позитивни емоции како среќа, возбуда, задоволство од животот, дури и еуфорија. Некогаш е поврзана и со негативни емоции како љубомората и стресот.

ТАЖНО

Тажно

Тагувањето е нормален процес во нашиот живот, кое не треба да те обесхрабрува. Сите се чувствуваме тажно понекогаш. Тагата скоро секогаш е поврзана со губиток. Кога ќе се поздравиме и нема да се видиме подолго со оние што ги сакаме обично се чувствуваме тажно. Тагата е дури подлабока ако добро другарство завршило.

Дозволи си да си тажен/на. Ако си велиш дека не си тажен/на чувствата само ќе одат подлабоко и може да направат поголема штета. Ако сакаш исплачи се! Пишувај дневник, слушај музика, помини некое време со другарите или семејството ... Секогаш е полесно кога ќе ја споделиш тагата, затоа можеш да разговараш со Бушавко!

ИСПЛАШЕНО

Исплашено

Понекогаш е страшно да се соочиме со предизвиците и проблемите. Стравот е една од основните емоции на човекот. Стравот ни помага да се заштитиме. Да се чувствуваш исплашено е многу природно и во некои ситуации е од голема помош. Додека некои стравови се вродени, многу стравови се научени.

Како и сите емоции и стравот може да биде благ, среден или силен, во зависност од ситуацијата и личноста. Чувството на страв може да е кусо, или може да трае подолго.

Но не си сам/а! Можеш да му пишеш на Бушавко кога и да се чувствуваш подготвен/а за разговор!

НАЛУТЕНО

Налутено

Лутина се доживува кратко и брзо заминува. Лутината се победува со љубов! Потсети се на најубавите моменти и вдиши длабоко. Наједноставен начин да ја отфрлиш е да ја ослободиш од себе со кратка прошетка во паркот!

ПОБРЗАЈ

Ако ти треба помош јави се на Ало Бушавко

Scroll to Top