Советување

Советување на деца

Ало Бушавко дава поддршка и советување на деца и млади. Советувачите воспоставуваат врска базирана на доверба, за да може децата или младите да ги споделат нивните емоции, потреби, проблеми, да се информираат за нивните права или да побараат совет или помош.

Советување за возрасни

Ало Бушавко, дава поддршка и советување на родители, старатели и наставници кои се обраќаат за некое прашање поврзано со справување со ситуации во кои се засегнати децата и младите, нудат емоционална поддршка и ги упатуваат до соодветна институција или организација.

Советување

Кои се Бушавките и Бушавковците со кои можете да споделите и поразговарате за се’ што сакате?

Кои се Бушавките и Бушавковците со кои можете да споделите и поразговарате за се’ што сакате?

Кои сме ние

Ние сме една шаренолика група волонтери/ки, но имаме многу заеднички нешта:

✵ Сакаме да работиме со деца и млади!

✵ Кога ќе го допреме твоето срце со некој наш совет или текст или постапка, зрачиме посилно од сонцето

✵ Тука сме за сите кои сакаат со нас да поразговараат, кога и да е!

✵ Не радува кога кога гледаме дека секое дете и млада личност има еднакви можности да се развива во среќна и задоволна личност!

Ќе ти помогнеме !!!

✵ Ќе ти помогнеме ако си во криза, или имаш прашање или проблем слободно да го раскажеш својот проблем.

✵ Потоа, низ разговорот ќе ти помогнеме да го видиш проблемот од друг аспект и заедно ќе се обидеме да најдеме решение.

✵ Секогаш ги разбираме твоите чувства.

Советување на деца

Доколку не можеме да ти помогнеме сами, ќе ти дадеме информација кој може подобро да помогне. Ќе ти кажеме каде и како да се обратиш до соодветната институција, стручна служба или организација што би можеле да ти помогнат.

Ако е потребно можеби ќе ги вклучиме и родителите/старателите, или надлежните институции и локалните власти за да го најдеме најдоброто решение.

Волонтери

Волонтерите секогаш биле дел од оваа служба. Волонтерите се активни во секое општество во светот и секаде се ценат. Тие помагаат, подучуваат, градат, застапуваат, поддржуваат, донираат, лобираат, водат, набљудуваат и на многу други начини помагаат на другите луѓе и заедниците.

Волонтерите се движечка сила на граѓанското општество. Тие се лице кои го даваат своето слободно време, своите вештини и знаења во интерес на друго лице, организација или заедницата, без директен личен интерес, на доброволна основа и без финансиска или друга лична добивка.

Scroll to Top