Како помагаме
Две линии, секоја за различна потреба. Тука сме да те слушнеме.
ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
Линија за деца и млади
Ало Бушавко им дава поддршка на децата и младите. Операторите градат врска заснована на доверба, за да можеш да ги споделиш своите емоции, потреби и проблеми, да дознаеш повеќе за своите права или да побараш помош.
Бесплатно, доверливо и анонимно.
ЗА ВОЗРАСНИ
Линија за возрасни
Ало Бушавко им дава поддршка на родителите и старателите кои се соочуваат со ситуации што ги засегаат децата и младите. Нудиме емоционална поддршка и ве упатуваме до соодветна институција или организација.
Кои се Бушавките и Бушавковците?
Секако се прашуваш кој ќе ти одговори на чет ако пишуваш или кој ќе се јави ако се јавиш.
Кои сме ние
Ние сме една шаренолика група волонтери/ки, но имаме многу заеднички нешта:
✵ Сакаме да работиме со деца и млади!
✵ Кога ќе го допреме твоето срце со некој наш совет или текст или постапка, зрачиме посилно од сонцето
✵ Тука сме за сите кои сакаат со нас да поразговараат, кога и да е!
✵ Не радува кога кога гледаме дека секое дете и млада личност има еднакви можности да се развива во среќна и задоволна личност!
Ќе ти помогнеме!
✵ Ќе ти помогнеме ако си во криза, или имаш прашање или проблем слободно да го раскажеш својот проблем.
✵ Потоа, низ разговорот ќе ти помогнеме да го видиш проблемот од друг аспект и заедно ќе се обидеме да најдеме решение.
✵ Секогаш ги разбираме твоите чувства.
Кога треба повеќе помош
Доколку не можеме да ти помогнеме сами, ќе ти дадеме информација кој може подобро да помогне. Ќе ти кажеме каде и како да се обратиш до соодветната институција, стручна служба или организација што би можеле да ти помогнат.
Ако е потребно можеби ќе ги вклучиме и родителите/старателите, или надлежните институции и локалните власти за да го најдеме најдоброто решение.
Волонтери
Волонтерите секогаш биле дел од оваа служба. Волонтерите се активни во секое општество во светот и секаде се ценат. Тие помагаат, подучуваат, градат, застапуваат, поддржуваат, донираат, лобираат, водат, набљудуваат и на многу други начини помагаат на другите луѓе и заедниците.
Волонтерите се движечка сила на граѓанското општество. Тие се лице кои го даваат своето слободно време, своите вештини и знаења во интерес на друго лице, организација или заедницата, без директен личен интерес, на доброволна основа и без финансиска или друга лична добивка.