Веб страницата АЛО БУШАВКО (https://alobushavko.mk/) е креирана и раководена од Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ Веб страницата е направена со цел да обезбеди медиум каде без никакви ограничувања и стравови децата ќе можат да се доближат до нас, да го искажат својот проблем и да добијат соодветна помош од стручни лица на Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ.
Првата детска амбасада во светот МEЃАШИ се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини, кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето, развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето. Повеќе за Меѓаши може да видите на следниот линк.
Идејата, името (Прва детска амбасада во светот Меѓаши) и маскотата (Бушавко) се заштитени во Министерството за развој на Република Македонија, Завод за заштита на индустриска сопственост.