Советување

Советување на деца

Ало Бушавко дава поддршка и советување на деца и млади. Советувачите воспоставуваат врска базирана на доверба, за да може децата или младите да ги споделат нивните емоции, потреби, проблеми, да се информираат за нивните права или да побараат совет или помош.

Советување за возрасни

Ало Бушавко, дава поддршка и советување на родители, старатели и наставници кои се обраќаат за некое прашање поврзано со справување со ситуации во кои се засегнати децата и младите, нудат емоционална поддршка и ги упатуваат до соодветна институција или организација.

Советувачи

Кои се Бушавките и Бушавковците со кои можете да споделите и поразговарате за се’ што сакате?

Сигурно се прашувате кој е тој или таа што ќе ви одговори на четот ако напишете или ќе се јави на телефонот ако заѕвоните!

Кои сме ние

Ние сме една шаренолика група волонтери/ки, но имаме многу заеднички нешта:


Сакаме да работиме со деца и млади!


Кога ќе го допреме твоето срце со некој наш совет или текст или постапка, зрачиме посилно од сонцето


Тука сме за сите кои сакаат со нас да поразговараат, кога и да е!


Не радува кога кога гледаме дека секое дете и млада личност има еднакви можности да се развива во среќна и задоволна личност!

Ќе ти помогнеме !!!

Ќе ти помогнеме ако си во криза, или имаш прашање или проблем слободно да го раскажеш својот проблем.


Потоа, низ разговорот ќе ти помогнеме да го видиш проблемот од друг аспект и заедно ќе се обидеме да најдеме решение.


Секогаш ги разбираме твоите чувства.

parents.png

Вклучување на други страни

Доколку не можеме да ти помогнеме сами, ќе ти дадеме информација кој може подобро да помогне. Ќе ти кажеме каде и како да се обратиш до соодветната институција, стручна служба или организација што би можеле да ти помогнат.

Ако е потребно можеби ќе ги вклучиме и родителите/старателите, или надлежните институции и локалните власти за да го најдеме најдоброто решение.

teacher.png

Волонтери

Волонтерите секогаш биле дел од оваа служба. Волонтерите се активни во секое општество во светот и секаде се ценат. Тие помагаат, подучуваат, градат, застапуваат, поддржуваат, донираат, лобираат, водат, набљудуваат и на многу други начини помагаат на другите луѓе и заедниците.

Волонтерите се движечка сила на граѓанското општество. Тие се лице кои го даваат своето слободно време, своите вештини и знаења во интерес на друго лице, организација или заедницата, без директен личен интерес, на доброволна основа и без финансиска или друга лична добивка.

КЛЕА
КЛЕА

Психолог

Јас сум психолог, но сум и зелен активист. Со нетрпение очекувам да споделуваме и радост и тага... зошто да не, па сите чувства се сосема во ред.

АЛЕК
АЛЕК

Волонтер

Јас сум Алек, волонтер на Ало Бушавко и ги завршувам студиите за специјална едукација и рехабилитација. Верувам дека секој има свои таленти и може многу да направи.

МАРИЈА
МАРИЈА

Волонтерка

Како волонтерка на Ало Бушавко со задоволство го посветувам моето време, знаење за да помогнам. Пред крајот на студиите по право сум и сакам што повеќе да знам за правата на децата.

ВИКИ
ВИКИ

Психолог

Многу сакам кога луѓето ги правам среќни и не се откажувам лесно кога сакам некому да му ги покажам убавите работи што ги има во себе а не ги гледа. Психолог сум и на Ало Бушавко две години. Работам со млади, умни луѓе кои секојдневно ме воодушевуваат.

ЈУЛЕ
ЈУЛЕ

Криминолог

Во Меѓаши сум веќе цела година, од почетокот на 2021, а она што најмногу ми падна во очи е мотото на Меѓаши – „Поправеден свет за секое дете“! Правата на децата се мојата желба за учење и за работа.

МИМИ
МИМИ

Професорка

Јас сум професорка по англиски и цел живот сум со деца и сета радост и енергија ја црпам од вас. Секогаш сум тука за вас, за какво и прашање да имате, ќе најдеме одговор или решение.

МАЦА
МАЦА

Волонтерка

Завршувам психологија, сакам да работам со деца и адолесценти и во моментот одам на пракса кај логопед кој работи со деца со типичен развој, а исто така и со дисхармоничен развој и аутистичен спектар.

ЈОЦИ
ЈОЦИ

Психолог

Има голема мудрост кај вас децата и младите! Секогаш можам да научам многу од вас. Затоа верувам во детското и младинското учество и ви давам силна поддршка за тоа.