Што знаеш за емоциите?
Емоциите се лични човечки чувства што го одредуваат расположението. Од емоциите зависи како ќе се однесуваме.
Што знаеш за емоциите?
Некои емоции ги чувствуваме позитивни – како среќно, сакано, задоволно, сигурно, радосно, благодарно или вклучено. Други емоции може да се негативни – на пимер, налутено, уплашено, засрамено, виновно, тажно или загрижено. И позитивните и негативните емоции се нормални. Еве неколку примери на позитивни и негативни емоции:
Негативни емоции
- Лутина/бес
- Незадоволство
- Тага
- Анксиозност/вознемиреност
- Страв
- Срам
- Вина
- Љубомора
Позитивни емоции
- Среќа
- Љубов
- Задоволство
- Радост
- Благодарност
- Грижа
- Очекување
- Изненадување
- Воодушевување
Луѓето со позитивни емоции се расположени, енергични, спремни да им помогнат на другите и можат да ги надминат тешкотиите. Негативните пак емоции ги прават луѓето несреќни, нерасположени, обесхрабрени, повлечени во себе и нервозни.
Три чекори како да ги управуваш твоите емоции
- Познавај ги твоите емоции
- Препознај ги точно твоите емоции
- Разбери што ги предизвикало
- Биди чувствутелен/на и кон емоциите на другите
- Изрази ги своите емоции на добар начин
- Изразувањето на позитивните емоции ќе ни го направи животот поубав и побогат. Исто така, и односите со другите ќе ни бидат подобри и поуспешни
- Не ги потиснувај емоциите. Изрази ги и негативните емоции на мирен начин за да не се повредиш ниту себеси ниту другите.
- Контролирај ги своите емоции успешно
- 3.1 Контролирај ја лутината
- Остани подаелку од се што те лути или ја зголемува твојата лутина
- Прави активности што се пријатни, на пример, слушај музика, вежбај, или прошетај во природа/парк
- Биди расположен/на и смеј се
- 3.2 Намали ја тагата колку можеш
- Разбери зошто се чувствуваш тажно, што е причината и соочеи се храбро со проблемот
- Избегнувај да размислуваш одново за нешто што не успеало
- Комуницирај и прифати ја помошта од твоите родители, наставници, другари/ки и соученици
- 3.3 Ослободи се од вознемиреноста и стравот
- Спреми се за пубертетот
- Учествувај во групни активности за да го намалиш стравот од непознати места
- Добро подготвувај се за тестови или натпревари
- Кога ќе почувствуваш голема вознемиреност и страв, пробај да правиш вежби за опуштање и диши длабоко неколку пати
- 3.4 Ослободи се од срамот/Не се срами
- Научи да си ги прифатиш сопствените ограничувања
- Почитувај го секој свој напор
- Учи од неуспехот. Одново изгради ја самодовербата
- 3.5 Ослободи се од чувството на вина
- Ако згрешиш или не успееш не претерувај со чувствата
- Откриј ја причината за неуспехот и обиди се да не ги направиш истите грешки.
- Одбегнувај да се каеш постојано за нешто што се случило во минатото. Биди храбар/храбра и соочи се со нови предизвици.
- 3.1 Контролирај ја лутината