Пубертетот е време во кое Вашето дете минува низ низа значајни, природни и здрави промени. Овие физички, психолошки и емоционални промени се знак дека Вашето дете преминува од детство кон полнолетство.
Промените во пубертетот вклучуваат
- Физички раст и развој внатре и однадвор на телото на децата
- Промени во детските полови органи
- Промени во мозокот
- социјални и емоционални промени.
Кога започнува пубертетот?
Пубертетот почнува штом промените во мозокот на детето предизвикуваат лачење на половите хормони од гонадите (половите жлезди), односно јајниците и тестисите.
Ова вообичаено се случува околу 10-11-та година кај девојчињата и околи 11-12-та година кај момчињата.
Но, исто така е нормално почетокот на пубертетот да започне кај девојчињата во опсег на возраст од 8 до 13 години, односно кај момчињата во опсег од 9 до 14 години.
Не постои начин да дознаете кога точно Вашето дете ќе влезе во пубертет. Рабите промени во мозокот на Вашето дете и нивоата на хормони не може да се забележат од надвор, така што лесно е да не забележите кога е започнат пубертетот.
Пубертетот може да заврши за 18 месеци, но може и да потрае и до 5 години. Овој опсег е исто така сосема нормален.
Девојчиња: клучни физички промени во пубертетот
Кај девојчињата долунаведените промени се главните што може да ги очекувате во пубертетот.
Околу 10-11-та година
- Градите почнуваат да растат. Ова е првиот забележлив знак дека пубертетот е почнат. Нормално е левата и десната града да растат со различна брзина. Исто така, вообичаено е за градите да бидат осетливи во текот на развојот. Доколку Вашето дете сака градник, мек или спортски градник може да се добри за почеток.
- Се појавува забрзан раст/извишување. Некои делови од телото – како главата, лицето и дланките – може да растат побрзо од торзото и екстремитетите (рацете и нозете). Тоа може да резултира Вашето дете да изгледа диспропорционално извесен период. Во просек девојчињата се извишуваат од 5 до 20 сантиметри. Обично престануваат да растат околу 16-17-та година.
- Обликот на телото се менува. На пример, колковите кај девојчињата се прошируваат.
- Половиот орган и влакненцата почнуваат да растат. Влакненцата на половиот орган стануваат потемни и се задебелуваат со текот на времето.
Околу 12-14-та година (околу две години откако започнува растот на градите)
- Започнуваат да растат влакненца под пазувите.
- Бистар или белузлав секрет од половиот орган започнува да се лачи неколку месеци пред да започне менструалниот циклус. Доколку тоа му пречи на Вашето девојче може да му предложите да носи дневни влошки. Доколку Ви каже дека има чешање, болка или непријатна миризба, консултирајте се со матичниот лекар.
- Менструалниот циклус започнува отприлика две години од почетокот на растење на градите, но некогаш може да почне и по 4 години.
Момчиња: клучни физички промени во пубертетот
Кај момчињата долунаведените промени се главните што може да ги очекувате во пубертетот.
Околу 11-12-та година
- Генитслиите (пенисот и тестисите) почнуваат да растат. Нормално е едниот тестис да расте побрзо од другиот. Објаснете му на детето дека обично тестисите кај машките не се со иста величина.
- Влакненцата околу половиот орган ќе почнат да растат и ќе стануваат потемни и поцврсти со текот на времето.
Околу 12-14-та година
- Вашето дете нагло ќе порасне. Ќе се извиши а неговите гради и раменици ќе станат пошироки. Некои делови од телото на детето – главата, лицето и дланките – може да растат побрзо од торзото и екстремитетите, така што Вашето дете може ивесно време да изгледа диспропорционално во растот. Во просек момчињата растат од 10 до 30 сантиметри и вообичаено престануваат да растат околу 18-20-та година.
- Обично кај момчињата може градите да имаат мал раст. Доколку Вашето дете е загрижено за ова, објаснете му дека тоа е нормално и обично поминува само од себе. Доклку не поминува или Ви се чини дека градите растат невообичаено многу, консултирајте се со матичниот лекар.
Околу 13-15-та година
- Ќе започнат да растат влакненца и на други делови од телото на Вашето дете – под пазувите, на лицето и на остатокот од телото. Влканенцата на рацете и нозете се зацврстуваат. Кај некои млади момчиња влакненцата може да се згуснат во нивните рани 20-те години.
- Почнува да се излачува тестостерон, полов хормон што ги стимулира тестисите да произведуваат сперма.
- Детето може да почне да доживува ерекција и ејакулација (испуштање на спермата). Во овој период ерекциите често се случуваат без посебна причина. Објаснете му на детето дека ова е нормално и другите тоа не го забележуваат. Ејакулацијата во текот на спиењето е позната како „влажен сон“.
Околу 14-15-та година
Ларинксот или „Адамовото јаболкце“ станува се поистакнат, поголем а гласот „мутира“ а потоа станува подлабок. Кај некои момчиња гласот може да варира од високо до ниско и обратно дури и во една реченица. Ова со тект на времето ќе се стабилизира.
Почетокот и фазите во пубертетот се случуваат во различно време кај различни деца. Доколку сте загрижени дека Вашето дете влегува премногу рано или доцна во пубертет можете да поразговарате со Вашиот матичен лекар.
Други физички промени во пубертетот – внатрешни и надвореши
Мозок
Развојот на мозокот на тинејџерите влијае врз нивното однесување и врз социјлните вештини. Самоконтролата се подобрува, исто како и вештините за планирање, решавање проблеми и носење одлуки. Овој развоен процес ќе продолжи се до средината на дваесеттите години од животот на Вашето дете.
Коски, органи и телесни системи
Голем дел од органите на тинејџерите стануваат поголеми и посилни. Капацитетот на белите дробови се зголемува, екстермитетите растат, а цврстината и волуменот на коските се зголемуваат.
Неспретност
Бидејќи децата растат забрзано во текот на пубертетот, нивниот центар за рамнотежа се менува а на нивниот мозок мѕ треба време да се прилагоди. Ова може да влија врз рамнотежата на Вашето дете. Можеби ќе забележите неспретност во движењата извесно време, а може и веројатноста од повреда да е поголема.
Физичка сила
Силата и големината на мускулите за време на пубертетот се зголемуваат исто така. Координацијата око-рака станува се подобра со текот на времето, како и останатите моторни вештини како што е на пример фаќање и фрлање топка.
Тежина
Во пубертетот се зголемува и тежината на тинејџерите и им е неопходна здрава исхрана. Желудникот и цревата на тинејџерите се исто така растат и им е неопходна поголема енергија, протеини и минерали. Храна што изобилува со калциум и железо е важна за развојот на коските и крвотокот.
Потреба за спиење
Потребата и навиките за спиење во пубертетот се менуваат, така што многу тинејџери почнуваат да остануваат будни подоцна во ноќта и спијат подоцна во текот на денот.
Потење
Во пределот под пазувите и околу гениталиите се развива нов вид на потна жлезда. Кожните бактерии се хранат од потта што овие жлезди ја лачат, што води до појава на телесна миризба. Затоа хигиената е многу важна.
Кожа и коса
Жлездите во кожата на лицето, рамениците и грбот стануваат покативни во текот на пуертетот, лачејќи повеќе масти. Ова може да доведе до појава на акни во кожата. Доколу сте загрижени за кожата на Вашето дете, пред се видете дали мозолчињата и акните го загрижуваат и Вашето дете или не. Доколу и тие се загрижени, поразговарајте со матичниот лекар.
Косата исто така повеќе се масти и тинејџерите имаат потреба почесто да ја мијат и тоа е сосема нормално.
Заби
Трајните заби децата ги менуваат до 13-та година. Осмиците, тн. „умници“ може да пораснат во период од 14-та до 25-та година. Овие може да пораснат во пар, поединечно или сите четири наеднаш или пак воопшто да не пораснат. Здравите заби и непца се цитални за здравјето на Вашето дете, така што денталната хигиена е важна.
Можете да го поддржите Вашето дете во пубертет така што ќе разговарате за пубертетот и ќе го поттикнувате за здрава исхрана, физичка активност и здрави навики на спиење.