Семејството е една гранка која ни кажува дека не сме сами.
Тоа е еден вид организација на оние кои живеат заедно, се подржуваат, се сакаат, имаат задолженија кои ги прифаќаат и извршуваат. Да се има семејство значи да се биде среќен, да имаме некој покрај нас и кога сонцето силно грее и кога истура силен дожд. Семејството ја има најважната и почетната улога во развојот на детето.
Семејните односи се многу важни за развојот на детето и неговото ментално здравје, Родителот ја игра најважната клучна улога во воспитувањето на неговото дете и за неговиот развој како личност. Родителот треба да знае како да го одржи семејството и треба секоја ситуација на детето убаво да му ја објасни за што станува збор и како сите заедно можат да најдат решение за истата.
Најважна во семејните односи е љубовта и покажувањето како вистински се сака. Родителот да знае кога со детето треба да се биде другар, а кога родител - да ја имаат изградено таа граница. Преку своето однесување најдобро може да го научи своето дете да не биде себични и дека радоста е поголема кога се дели она што го имаат со другите. Родителот е првиот модел кој ги вградува во детето вредностите какоЧ
- Да им помагаат на нивните другарчиња и на постарите лица. Затоа што доброто со добро се враќа.
- Да се научат секогаш да ја кажуваат вистината без разлика каква и да е истата, затоа што со една лага следуваат уште илјада лаги.
Децата се најневините суштества кои не треба да бидат искористувани за секаков вид на лоши работи, не треба да влезат во машината на лошиот свет. Затоа родителот е тука да им го покаже вистинскиот пат по кој што можат да чекорат во животот и да знаат како да се соочуваат со проблемите во него. Семејството, тоа е нашата сила.