Родители и старатели

Унапредување на мотивациските вештини на родителот

 Се препорачуваат одредени насоки за родителот кои ги унапредува неговите мотивациски вештини кои може да се користат во интеракција со детето

со цел тоа да биде соработливо, а воедно и да ги развива сопствените социјални и комуникациски вештини кои ќе бидат ненасилни, кооперативни и емпатични.

Тоа е еден од начините детето да научи од родителот да ги почитува различностите, да не дискриминира, да прифаќа правила, граници и куќен ред во училиште, да ја контролира својата лутина и бес, да не биде импулсивно и насилно, да преговара со аргументи, да почитува туѓо мислење, но да го аргументира и да се бори за сопственото, да има изградено морални вредности и прави разлика помеѓу прифатливо и неприфатливо однесување, да каже НЕ за насилството, да ги цени пофалбите, охрабрувањето, но да знае да мотивира друг со убави и пофални зборови. Детето мора да се учи да се потпре на сопствените сили и со возраста да се осамостојува и родителската презаштитничка улога да прерасне во доверба дека детето може само да се грижи за себе и да се справи со светот кој секогаш не е пријателско место.  

 IST 7696 03377 1

Мотивациски вештини 

Нивно значење 

Не го етикетирајте и стигматизирате детето 

Ниту едно дете не сака да биде споредувано со други деца, особено во негативна конотација и ако споредбата е со дете кое е подобро од него. Детето сака да биде свое и да биде почитувано како единствено, односно такво какво што е. 

Правила и граници  

Основа за поставување на границите се воведувањето правила. Правилата служат за да се потсети детето што е потребно/пожелно да направи. Родителот треба да има секогаш исти критериуми за поставување правила.  

Како да се постават граници, без да се повреди детето? Границите не се фиксни и статични, тие треба да се менуваат во согласност со возраста, зрелоста и степенот на развиена одговорност на детето, да бидат јасни и разбирливи. Притоа не треба да се доведе во прашање љубовта на родителот кон детето. Со поставување на граници се избегнува настанувањето проблеми, бидејќи се пресретнуваат пред да се појават. Границите функционираат ако постои доследност во примена и ако се поставуваат заедно со детето, низ разговор. 

Деца кои се научени на правила и граници, полесно ги прифаќаат и правилата, границите и куќниот ред во училиште. 

Контрола на родителскиот гнев  

Родителот покрај родителската улога има и многу други улоги во животот. Нормално е понекогаш да е гневен бидејќи е депримиран, болен, дискриминиран, уморен, незадоволен од работата,  бракот, финансиите.  

Децата не се извор на гневот, затоа е многу важно родителот да го контролира гневот кон нив за да не станат жртви или сведоци од неговите последици. Ако родителот е многу вознемирен, може да му објасни на детето зошто е таков или да го одложи разговорот, прво да се смири, па потоа да разговара со детето. Така и децата се учат да го контролираат сопствениот бес и гнев.  

Да се понуди избор 

Секогаш кога е можно, потребно е родителот да му понуди на детето избор помеѓу две или повеќе прифатливи опции. Нема избор за животно загрозувачки ситуации. Понудените опции да се прифатливи, а како детето  расте треба да е вклучено во понудата. За тоа треба разговор, аргументирање, договарање. Притоа детето се чувствува моќно, бидејќи му е дадена можноста да учествува и да одлучува и на тој начин се учи како да преговара со врсници и други возрасни, да почитува туѓо мислење и избори,и да се бори за своето мислење со аргументи.  

Привилегии 

Детето треба да има привилегии за прифатливо однесување и да му се објасни што е неприфатливо однесување пред да му се скрати некоја привилегија. Скратувањето привилегија никогаш не треба да значи скратување на родителската љубов, ниту незадоволување на детските развојни и емоционални потреби.  Привилегиите упатуваат на присуство на родителот во животот на детето, минување на квалитетно заедничко време, кое на родителот му дава увид во детското однесување. Дете научено од родителот на добивање и одземање на привилегии со однапред поставени правила, преку разговор и  аргументи е исто така соработливо и во училиште и ќе придонесе кон градење на безбедно училиште. 

Пофалба и охрабрување 

 

Зборовите полни со љубов и љубезност, пофалните зборови, кај детето ќе поттикнат поголема желба да соработува и да комуницира со родителот. Пофалбата го охрабрува детето, влијае на неговата самодовербата и го мотивира за успеси. Доброто однесување на детето родителот треба го пофали, да употреби убави зборови, да искаже љубов и задоволство. Негативното однесување на детето родителот треба да го прими со сериозен израз, одлучност при давање коментари и насоки за негово надминување, но без казни, а особено без физичко казнување и вербално навредување. 

Родителско НЕ наспроти родителско ДА 

Кога родителот да го одобри барање на детето, да го поддржи детето и да му каже ДА, а кога да му каже НЕ? Ова е една од најголемите родителски дилеми. Кога родителот ќе каже НЕ, мора да ја објасни својата одлука, тоа бара бара храброст, ангажираност, многу искреност и внимателност од страна на родителот. Кога родителот дозволува тоа треба да го каже со љубов и објаснување дека тоа е правилна насока, за да не го загуби детето како соработник, за да не се оддалечи од родителот и домот.  Затоа на негативниот одговор не треба да му се даде пресудна важност како да не може ништо да се стори и да се промени во одобрување. Родителот никогаш не смее да каже НЕ за основните детски потреби на детето. На секое НЕ треба да му се остави простор за дијалог, разговор, аргументирање, дискусија. Ако родителот каже НЕ, тоа не значи дека не го сака детето, но потребно е да биде уверлив и одлучен. Употребата на НЕ е поврзана со поставување на граници. Ова дете ќе знае да каже НЕ за насилството.2 

 

Super User