Емоции - Пет начини да ги запознаеш твоите емоции подобро
Пред да продолжиш со читањето, застани за момент и направи пауза. Затвори ги очите ако сакаш и неколку пати видиши длабоко и смирено. Потоа запрашај се – како се чувствуваш во моментот?
Одговори со еден збор што опишува како се чувствуваш.
Забележи кои зборови ти доаѓаат. Дали има едно чувство што се истакнува? Или има повеќе? Може дури да имаш и спротивни чувства во исто време. На приемр, возбудено и нервозно. Тоа е нормално.
Само забележи што чувствуваш во моментот. Нема точен или погрешен одговор.
Ова е едноставен начин на кој стануваш свесен/свесна за своите емоции.
Некогаш е лесно да се биде свесен за своите емоции. Можеби има една силна емоција што е очигледна. Понекогаш можеби нема да внимаваш како се чувствуваш. Но емоциите се тука. И сите се нормални.
Чувствата се знаци на телото што ни помагаат да се разбереме себеси и да носиме правилни одлуки. На пример, чувствувајќи страв во ситуација како што е преминување улица е корисен знак за да бидеме безбедни (затоа и брзо ја преминуваме улицата, внимаваме дали има возила, или каква е сигнализацијата на семафорот).
Значи, колку повеќе си свесен/свесна за своите емоции, ќе ти помогне:
- Да се познаваш себеси подобро
- Да се чувствуваш подобро и поуспешно да се справуваш
- Да бидеш помалку самокритичен/самокритична
- Да направиш пауза наместо да изреагираш претерано кога доживуваш тешки емоции
- Да одлучиш како ќе реагираш и да се справиш со ситуациите
- Да се согласуваш со другите подобро
Еве пет начини како да вежбаш поголема свесност за своите емоции:
- Забележи ги и именувај ги своите емоции. За почеток, само забележи како се чувствуваш кога нешто се случува. Кажи си ја емоција себеси. Можеби ќе се чувствуваш гордо кога нешто добро ќе излезе. Или разочарано ако не го решиш добро тестот. Или можеби релаксирано кога си во друштво со другарите/ките на кафе. Или нервозно пред тест.
- Следи една емоција. Избери една емоција, на приемр чувство на задоволство. Следи ја цел ден. забележи колку често ја чувствуваш. Можеби си задоволен/на кога нешто добро се случува. Можеби кога некој ќе ти помогне или ќе ти каже убав збор. Или се чувствуваш задоволно само затоа што е петок. Секојпат кога ќе се почувствуваш задоволно запомни или запиши си. Дали е чувството слабо, средно или силно?
- Научи нови зборови за емоции. Колку емоции знаеш да именуваш? Обиди се да се сетиш на повеќе. Колку зборови има за луто/налутено? На пример, може да биде вознемирено, иритирано или бесно. Или пак да чадиш.
- Води дневник на емоции. Одвој си по неколку минути секој ден за да запишеш како се чувствуваш и зошто. Пишувањето за своите чувства ти овозможува да ги запознаеш подобро. Изрази се уметнички, пишувај поезија или компонирајј музика за да ја изразиш емоцијата што ја чувствуваш.
- Забележувај ги емоциите изразени во уметноста, песните и филмовите. Фокусирај се на тоа што прави актерот за да ги покаже тие чувства. Како се чувствуваш ти додека го гледаш?
Дај си време за да ги запознаеш подобро своите емоции. Само забележувај како се чувствуваш. Прифати како се чувствуваш без да се осудуваш себеси. Покажи си себси малку љубезност.
Потсетувај се себеси дека сите емоции се нормални. Но како реагираш е она што е многу значајно. Кога ги познаваш своите емоции твојата способност да направиш мудри избори како да реагираш е подобра, без разлика како се чувствуваш.
Ако доживуваш емоции што ти се тешки или те преплавуваат, побарај поддршка. Разговор со возрасен во кој имаш доверба може да ти помогне за тешките чувства. Понекогаш луѓето имаат потреба од поддршка и од терапевт за да се справат со многу тешки емоции кои имаат влијание врз целиот нивен живот.
Five Ways to Know Your Feelings Better
Before you read on, take a moment to pause. Close your eyes if you want to, and take a couple of calm breaths. Then ask yourself — how are you feeling right now?
Think of one-word answers that describe how you feel.
Notice what words come to mind. Does one feeling stand out? Or are there a few? You might even have opposite feelings at the same time. For example, excited and nervous. That's normal.
Just notice the emotions you feel at the moment. There's no right or wrong answer.
Doing this is a simple way to be aware of your emotions.
Sometimes it's easy to be aware of your emotions. Maybe there's one feeling that's strong and obvious to you. Other times, you might not pay much attention to how you feel. But your emotions are there. And they're all normal.
Feelings are signals from the body that help us understand ourselves and make good decisions. For example, feeling fear in a situation like crossing the street in traffic is a useful signal to stay safe.
Being more aware of your emotions is a skill that can help you:
- know yourself better
- feel better about things and cope better
- be less self-critical
- pause instead of act on difficult emotions
- decide how to act and handle situations
- get along better with others
Here are five ways to practice being more aware of your emotions:
- Notice and name your feelings. To start, just notice how you feel as things happen. Say the name of the feeling to yourself. You might feel proud when something goes well. Or disappointed if you don't do well on a test. You might feel relaxed when sitting with friends at lunch. Or nervous before a test.
- Track one emotion. Pick one emotion — like feeling glad. Track it all day. Notice how often you feel it. Maybe you're glad when something good happens. Or glad when a friend shows up. Maybe you're glad when someone lends you a hand or says a kind word. Or glad just because it's Friday. Every time you feel glad, make a mental note to yourself or write it down. Is the feeling mild, medium, or strong?
- Learn new words for feelings. How many feeling words can you name? Try to think of even more. How many words are there for angry? For example, you might be annoyed, upset, or mad. You might be irate, fuming, or outraged.
- Keep a feelings journal. Take a few minutes each day to write about how you feel and why. Writing about your feelings helps you get to know them better. Make art, write poetry, or compose music to express an emotion you feel.
- Notice feelings in art, songs, and movies. Focus on what the artist did to show those feelings. How do you feel in response?
Take time to get to know your emotions better. Just notice how you feel. Accept how you feel without judging yourself. Show yourself some kindness.
Remind yourself that all your emotions are normal. But how you act on emotions matters a lot. When you know your emotions, you're better able to make wise choices about how to act — no matter what you're feeling.
If you have emotions that feel difficult or overwhelming, get support. An adult you trust can help you talk through any tough feelings you're dealing with. Sometimes people get help from a therapist to deal with difficult emotions that affect daily life.