Тинејџери

Ние сме тука за вас, што и да имате на ум. Ќе ве поддржиме. Ќе ве водиме. Можеме да ви помогнеме да донесете вистински одлуки. Нашите совети и техники, идеи и инспирација можат да ви помогнат да чувствувате поголема контрола. Можете да дојдете до нив во секое време!

Емоции - Разбери ги своите емоции

Емоции - Разбери ги своите емоции. Како емоциите ни помагаат?...

Како емоциите ни помагаат

Што чувствуваш во моментот, додека го читаш овој текст? Љубопитност? Се надеваш дека ќе научиш нешто за себе? Здодевно зашто е нешто што треба да го правиш за училиште а не си многу заинтересиран/а за темата – или среќно зашто е тема во која уживаш? Можеби мислите ти се на друго место, на пример се чувствуваш возбудено за тоа што го планираш за викендот или пак тажно затоа што скоро ја раскина врската.

Емоциите се важен дел од човековата природа. Тие не информираат што доживуваме и ни помагаат како да реагираме.

Емоции чувствуваме уште од бебе. Бебињата и малите деца своите емоции ги изразуваат со изрази на лицето или пак со смеење, милување, гугање или плачење. Тие чувствуваат и ги покажуваат емоциите, но сеуште немаат способност да ги именуваат емоциите или да објаснат зошто се чувствуваат така.

Со растењето стануваме се повешти во разбирањето на емоциите. Наместо да реагираме како малите деца, можеме да препознаеме што чувствуваме и тоа да го искажеме со зборови. Со текот на времето и со вежбање, стануваме се подобри во препознавањето на тоа како се чувствуваме и зошто така се чувствуваме. Оваа вештина се нарекува емоционална свест.

Емоционалната свест ни помага да разбереме што ни треба и што сакаме или не сакаме. Тоа е така затоа што со тоа што сме свесни за нашите емоции може да ни помогне да разговараме за нив на појасен начин, да го избегнеме или решиме конфликтот подобро и да ги надминеме тешките чувства полесно.

Некои луѓе природно се во подобар контакт со своите емоции од други. Она што е добро е дека секој може да стане посвесен и подобро да ги разбере своите емоции. Само треба да се вежба. Но се исплати! Емоционалната свест е првиот чекор кон градење на емоционалната интелигенција, вештина што е многу важна за успехот во животот.

Емоции за почетници

Еве неколку основни работи за емоциите:

  • Емоциите доаѓаат и си одат. Најголемиот дел од нас чувствуваат многу различни емоции во текот на денот. Некои од емоциите траат многу кусо, а други остануваат подолго и преминуваат во расположение.
  • Емоциите може да се благи, силни или помеѓу овие две крајности. Јачината на емоцијата зависи од ситуацијата и од личноста.
  • Емоциите не се добри и лоши, туку има добри и лоши начини на нивно изразување. Како да ги изразиш емоциите на прифатлив начин е посебна вештина што се учи, уште позната како конторлирање или управување со емоциите. Оваа вештина се надоградува на вештината на емоционална свест, односно разбирање на емоциите.

Се е во ред

Некои емоции ги чувствуваме како позитивни – на пример, среќно, сакано, сигурно, инспирирано, радосно, заинтересирано, благодарно или вклучено. Други емоции ги чувствуваме како негативни, на пример, налутено, навредено, исплашено, засрамено, виновно, тажно или загрижено. И позитивните и негативните чувства се нормални.

Сите емоции ни кажуваат нешто за нас и нашата состојба. Понекогаш е тешко да прифатиме како се чувствуваме. Можеби се осудуваме себеси зошто се чувствуваме на определен начин, на пример, ако чувствуваме љубомора. Но, наместо да размислуваме дека не треба така да се чувствуваме, подобро е да забележиме како навистина се чувствуваме.

Избегнувањето на негативните чувства или преправањето дека не се чувствуваме така како што се чувствуваме, може да има повратен удар. Потешко може да ги надминеме тешките чувства и да им дозволиме да избледеат, ако не се соочиме со нив и не се обидеме да разбереме зошто се чувствуваме така. Не мора постојано да мислиш и да зборуваш за своите чувства. Емоционалната свест значи препонавање, почитување и прифаќање на своите чувства онакви какви ги доживуваме.

Градење на емоционалната свест

Емоционланта свест ни помага подобро да се запознаеме и прифатиме себеси. Како може да станеш посвесен/посвесна за своите емоции? Започни со следните три едноставни чекори:

  1. Создади си навика да станеш свесен/свесна како се чувствуваш во различни ситуации во текот на денот. Можеби ќе забележиш дека се чувствуваш возбудено откако ќе направиш план да одиш некаде со другарите/другарките. Или дека се чувствуваш нервозно пред тест. Можеби се чувствуваш релаксирано кога слушаш музика, инспирирано кога одиш на некоја изложба или задоволно кога ќе добиеш комплимент од некого. Само забележувај какви емоции чувствуваш во каква ситуација, именувај ја емоцијата во себе. За тоа е потребна само една секунда, но е одлична вежба. Забележи дека секоја емоција поминува и остава простор за следното искуство.
  2. Оцени колку е силно чувството. Откако ќе ја забележиш и именуваш емоцијата, направи еден чекор понатаму: оцени колку силно ја чувствуваш емоцијата на скала од 1 до 10, при што 1 е најблагото чувство а 10 најсилното.
  3. Сподели ги своите чувства со твоите најблиски. Ова е најдобрата вежба за изразување на емоциите со зборови, вештина што ни помага да се чувствуваме поблики до пријателите, дечкото или девојката, родителите, тренерите, и кој било друг. Нека ти биде дневна навика, рутина да ги споделиш своите чувства со другар/другарка или член од семејството. Можеш да споделиш нешто многу лично или пак секојдневна емоција.

Како и се друго во животот, кога станува збор за емоциите, со вежбањето стануваме совршени! Потсетувај се себеси дека не постојат добри или лоши емоции. Не ги осудувај своите емоции – само продолжи да ги забележуваш и именувај ги.

Understanding Your Emotions

How Emotions Help Us

What are you feeling, right now, as you start to read this? Are you curious? Hopeful that you'll learn something about yourself? Bored because this is something you have to do for school and you're not really into it — or happy because it's a topic you enjoy? Perhaps you're distracted by something else, like feeling excited about your weekend plans or sad because you just went through a breakup.

Emotions like these are an important part of human nature. They give us information about what we're experiencing and help us know how to react.

We sense our emotions from the time we're babies. Infants and young children react to their emotions with facial expressions or with actions like laughing, cuddling, or crying. They feel and show emotions, but they don't yet have the ability to name the emotion or say why they feel that way.

As we grow up, we become more skilled in understanding emotions. Instead of just reacting like little kids do, we can identify what we feel and put it into words. With time and practice, we get better at knowing what we are feeling and why. This skill is called emotional awareness.

Emotional awareness helps us know what we need and want or don't want. It helps us build better relationships. That's because being aware of our emotions can help us talk about feelings more clearly, avoid or resolve conflicts better, and get ahead of difficult feelings more easily.

Some people are naturally more in touch with their emotions than others. The good news is, everyone can be more aware of their emotions. It just takes practice. But it's worth the effort: Emotional awareness is the first step toward building emotional intelligence, a skill that can help people succeed in life.

Emotions 101

Here are a few basic things about emotions:

  • Emotions come and go. Most of us feel many different emotions throughout the day. Some last just a few seconds. Others might stay to become a mood.
  • Emotions can be mild, intense, or anywhere in between. The intensity of an emotion can depend on the situation and on the person.
  • There are no good or bad emotions, but there are good and bad ways of expressing (or acting on) emotions. Learning how to express emotions in acceptable ways is a separate skill — managing emotions — that is built on a foundation of being able to understand emotions.

It's All Good

Some emotions feel positive — like feeling happy, loving, confident, inspired, cheerful, interested, grateful, or included. Other emotions can seem more negative — like feeling angry, resentful, afraid, ashamed, guilty, sad, or worried. Both positive and negative emotions are normal.

All emotions tell us something about ourselves and our situation. But sometimes we find it hard to accept what we feel. We might judge ourselves for feeling a certain way, like if we feel jealous, for example. But instead of thinking we shouldn't feel that way, it's better to notice how we actually feel.

Avoiding negative feelings or pretending we don't feel the way we do can backfire. It's harder to move past difficult feelings and allow them to fade if we don't face them and try to understand why we feel that way. You don't have to dwell on your emotions or constantly talk about how you feel. Emotional awareness simply means recognizing, respecting, and accepting your feelings as they happen.

Building Emotional Awareness

Emotional awareness helps us know and accept ourselves. So how can you become more aware of your emotions? Start with these three simple steps:

  1. Make a habit of tuning in to how you feel in different situations throughout the day. You might notice that you feel excited after making plans to go somewhere with a friend. Or that you feel nervous before an exam. You might be relaxed when listening to music, inspired by an art exhibit, or pleased when a friend gives you a compliment. Simply notice whatever emotion you feel, then name that emotion in your mind. It only takes a second to do this, but it's great practice. Notice that each emotion passes and makes room for the next experience.
  2. Rate how strong the feeling is. After you notice and name an emotion, take it a step further: Rate how strongly you feel the emotion on a scale of 1–10, with 1 being the mildest feeling and 10 the most intense.
  3. Share your feelings with the people closest to you. This is the best way to practice putting emotions into words, a skill that helps us feel closer to friends, boyfriends or girlfriends, parents, coaches — anyone. Make it a daily practice to share feelings with a friend or family member. You could share something that's quite personal or something that's simply an everyday emotion.

Just like anything else in life, when it comes to emotions, practice makes perfect! Remind yourself there are no good or bad emotions. Don't judge your feelings — just keep noticing and naming them.

Super User