Тинејџери

Ние сме тука за вас, што и да имате на ум. Ќе ве поддржиме. Ќе ве водиме. Можеме да ви помогнеме да донесете вистински одлуки. Нашите совети и техники, идеи и инспирација можат да ви помогнат да чувствувате поголема контрола. Можете да дојдете до нив во секое време!

Љубов кон себе

Љубов кон себе

Љубов. На што прво Ви текнува кога ќе се спомене? Често љубовта ја поврзуваме со други луѓе, други предмети. Романтична љубов кон партнерот, љубов кон својата мајка, другарите. Некогаш сме врзани и кон предмети кои ни значат. Но, често забораваме на себе. Концептот љубов како таква постои во нас и кога има отсуство на предмети, луѓе и сл. Тоа е таа љубов кон себе. Тоа е движечка сила во нас која цело време постои. Ќе ја почувстуваме и забележиме ако го смениме фокусот од надвор, кон внатре. Кога би се свртиле кон себе, би станале свесни и присутни во моментот. Кои сме всушност навистина ние. Не би се опишувале себе си кои сме, врз база на тоа со кого се дружиме, како тие не доживуваат или пак какви материјални добра поседуваме. Туку би се опишале себе. Како јас ги доживувам тие предмети, луѓе кои ме опкружуваат.

Љубов кон себе значи да се вратиш кон детето во себе. Тоа детенце што сонувало да стане балерина, доктор или пак готвач. Седни и прашај се што е тоа што би сакало тоа детенце да прави и да се занимава. Кои се неговите интереси, што е тоа на кое се радувало. Се она што си сакал/а силно кога си бил/а мал/а.

Љубов кон себе е и дисциплината. Дисциплина е кога во моментот ќе одлучиш да се фокусираш на тоа што ќе ти значи во иднина повеќе и да го одложиш моменталното задоволство. Љубов кон себе е, да го оставиш телефонот и да ја завршиш домашната задача. Љубов кон себе е и да им откажеш на другарите за излегување бидејќи не се чувстуваш баш добро. Љубов кон себе е и да извежбаш и тогаш кога и не баш ти се вежба. Да одбереш да го прескокнеш колачето и место тоа да изедеш банана.

Љубов кон себе е и да си простиш за минатото. Се случува постојано да мислиме за минатото , и за грешките што сме ги направиле тогаш. Нека тие грешки служат како поука и лекции во иднина. Затоа биди нежен/а према себе и прости си.

Марија Дамовска- Волонтер

Super User