Тинејџери

Ние сме тука за вас, што и да имате на ум. Ќе ве поддржиме. Ќе ве водиме. Можеме да ви помогнеме да донесете вистински одлуки. Нашите совети и техники, идеи и инспирација можат да ви помогнат да чувствувате поголема контрола. Можете да дојдете до нив во секое време!

Дали сум добра личност

Добрината ни е карактеристично својство на  тој што е добар што има пријателско расположение спрема луѓето, спремност за давање помош, великодушност. За жал добрината денес е ретка особина и ни е се помалку застапена. Вредноста на добрината денес е многу скапа и не секој може да ја поседува. Добрината не се раѓа од големината, туку големината од добрината, а ние сме тие што одлучуваме по кој пат ќе чекориме.

Сметам дека оценката за тоа колку добар човек сум јас не можам субјективно да ја кажам бидејќи тоа е исто така поврзано со мислењето на другите луѓе за мене. Јас секогаш се трудам да го правам најдоброто што можам,но исто така секој нареден пат да пробам да се подобрам.Секогаш кога ќе започнам некаква работа или ќе понудам да пружам помош кон некого тоа го правам од најдобра намера и не чекам никаква возврат за истата.Давањето помош на некого ми ја исполнува душата и ме прави мене посреќна бидејќи токму јас сум таа личност што е причина за насмевка на тие лица. Го живеам животот со добра намера и позитивна мисла и затоа сум тука секогаш да ги сослушам и да им помогнам. Бидејќи мене кога ми било потребно рамо за плачење совет и прегратка тоа сум го добила и знам колкава е вредноста и потребата на истата.Вистинската добрина е онаа што не се експонира и не бара признание од други.Никој од нас не е совршен и не може да биде само добар или лош човек, но битно е да имаме воља и да сакаме да сме добри.Само така може да го пружиме нашиот максимум.Ова е единствениот начин да се разликуваме од оние луѓе кои воопшто не се ни трудат и не ни помислуваат на нешто позитивно а камо ли на некаков вид на подршка.Секогаш кога и да прашаш некој што мислиш за себе, каква личност си, секој ќе каже Добар/а, секој себе си се смета за добар, дали е тоа поради себичноста во секој од нас или поради нешто друго не може да се дефинира ,само едно е вистинито,а тоа е дека никој не е апсолутно добар како што се замислува дека е, и оној најдобриот има лоша страна во себе. Добрината не се постигнува во безвоздушен простор, туку во друштво на други луѓе, во присуство на љубов.