Тинејџери

Ние сме тука за вас, што и да имате на ум. Ќе ве поддржиме. Ќе ве водиме. Можеме да ви помогнеме да донесете вистински одлуки. Нашите совети и техники, идеи и инспирација можат да ви помогнат да чувствувате поголема контрола. Можете да дојдете до нив во секое време!

Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн наставата

Дознајте повеќе за техниките за подобро учење, помнење и справување со онлајн наставата

Месец март, 2020 година беше познат по прогласувањето на пандемијата на КОВИД -19 низ целиот свет од страна на Светската Здравствена Организација (СЗО). Многу земји низ светот, вклучително и нашата, ги затвори училиштата и привремено се насочи кон учење на далечина, односно онлајн настава. Професорите и наставниците беа соочени со тоа да се прилагодат и да пронајдат нов концепт на работа во итни ситуации, како што е онлајн наставата и да бидат сигурни дека часовите би продолжиле непречено. Родителите повремено заземаа улоги на наставници и покрај нивните работни обврски. Од друга страна пак, ние учениците исто така се најдовме во чудна и нова ситуација. Додека физичката настава налагаше секојдневно одење на училиште, почитување на правилата и часовна распределба на денот во училишните клупи, во новонастанатата ситуација бевме и сè уште сме приморани самостојно да ја организираме и регулираме автономноста во учењето.

Дефинирање

Онлајн настава - форма на едукација во која главните елементи вклучуваат физичка сепарација на наставниците и учениците за време на наставата и употреба на различни технологии за да се овозможи комуникацијата наставник-ученик, ученик-ученик. Simonson и Berg (2016)

Позитивни страни

Онлајн наставата во споредба со наставата со физичко присуство е карактеристична по флексибилноста и можноста да учиме кога, каде и како е најдобро и најефикасно за нас, правејќи баланс на училиштето и семејството, да градиме вештини кои претходно не сме имале можност или време да ги развиваме, да се надоградуваме од удобноста на својот дом. Се предизвикуваме себеси и добиваме поширока преспектива за светот. Се запознаваме со нов начин на учење и комуницирање кој ќе ни биде клучен во иднина.

За таа цел, споделуваме неколку техники кои ни помогнаа успешно да се справиме со онлајн наставата.

Основни техники за подобро учење


tu slika1

Помодоро техника


tu slika2

Корисни апликации за продуктивност


tu slika3


tu slika4

Дефинирање и видови на мнемонички техники


tu slika5

Совети за справување со стрес


tu slika6


tu slika7

Запомни


tu slika8

Ивана Цилевска И.Ц

Клементина Добревска К.Д

Super User