За Ало Бушавко

Ало Бушавко: Твој пријател кога имаш проблем

Твојот проблем е помал кога ќе се сподели. Твојата тајна е и наша тајна.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА АЛО БУШАВКО

НАШИТЕ СОВЕТУВАЧИ СЕ СЕКОГАШ ТУКА
ДА ТИ ПОМОГНАТ, ДА ТЕ ИСЛУШААТ

Со еден повик поблиску до тебе

КАКО МОЖЕМЕ ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ

Ало Бушавко е пријател на сите

Деца

возраст од 5 до 12 години

Тинејџери

возраст од 12 до 18 години
busavko_na_telefon.png
ЗА АЛО БУШАВКО

Дознај како Ало Бушавко може да ти помогне

Бесплатно психосоцијално и правно советување, поддршка и насочување, упатување до државна институција која е надлежна за конкретниот проблем

Повик за пишување текстови за веб-страницата АлоБушавко

Ни претставува задоволство да Ве поканиме, да дадете свој придонес во вид на пишан текст, за АлоБушавко
ЧУВСТВА

Како се чувствуваш денес?

Чувствата некогаш е тешко да ги разбереме. Можеби некогаш и не знаеш зошто така се чувствуваш. Но ние сме секогаш тука да те поддржиме и да те разбереме.

Моите Чувства

Чувствата некогаш е тешко да ги разбереме. Можеби некогаш и не знаеш зошто така се чувствуваш. Но ние сме секогаш тука да те поддржиме и да те разбереме.

Среќно

Одлично е да се слушне дека денес се чувстувуваш одлично! Малите чекори носат големи успеси! Бушавко се радува со тебе ? Понеси ја насмевката со себе и израдувај ги и луѓето околу тебе/ саканите!

Среќата е надворешен израз. Среќата ја бараме, но радоста ја избираме. Среќата ни се случува нам. Можеби ја бараме, ја посакуваме итн., но чувството на среќа не го бираме свесно, зависи од нешто што е надвор од нас.

Кога е среќата присутна, таа е поголема од животот. Убаво се чувствуваме и ништо не ни дава подобро чувство ниту заслужува поголемо внимание од неа. Но истовремено среќата е променлива. Може да трае неколку недели и да исчезне во еден миг. Среќата ја нема кога ни е тешко, затоа што не може да постои кога владее несреќата.

Радосно

Најдобрите и најубавите нешта во животот се бесплатни! Радоста се наоѓа во се! Се радуваме што си радосен/а!

Радоста е внатрешно чувство. Радоста се зголемува со поврзаноста. Радоста е избор што го правиме зашто сакаме да сме радосни. Кога сме радосни никој не може да ни ја уништи почитта кон себеси и самодовербата.

Возможно е да почувствуваме радост и во тешки времиња, затоа што и во тие времиња, ако сме радосни можеме да растеме и да ги видиме можностите. Може да чувствуваме радост дури и кога тагуваме или кога не сме сигурни. На радоста не и е потребна насмевка за да постои. Иако радоста подобро се чувствува со среќна насмевка, таа може да се чувствува во исто време и со тагата, лутината, стравот, па дури и кога се чувствуваме несреќно.

Заљубено

Вистинската среќа се доживува во срцето. ЉУБОВТА е насмевка, прегратка!

Што е љубов?

Љубовта е низа емоции и однесувања како грижа, блискост, заштита, привлечност, сакање и доверба. Љубовта може да има различна јачина којашто може да се менува со текот на времето. Љубовта е поврзана со низа позитивни емоции како среќа, возбуда, задоволство од животот, дури и еуфорија. Некогаш е поврзана и со негативни емоции како љубомората и стресот.

Тажно

Тагувањето е нормален процес во нашиот живот, кое не треба да те обесхрабрува. Сите се чувствуваме тажно понекогаш. Тагата скоро секогаш е поврзана со губиток. Кога ќе се поздравиме и нема да се видиме подолго со оние што ги сакаме обично се чувствуваме тажно. Тагата е дури подлабока ако добро другарство завршило.

Дозволи си да си тажен/на. Ако си велиш дека не си тажен/на чувствата само ќе одат подлабоко и може да направат поголема штета. Ако сакаш исплачи се! Пишувај дневник, слушај музика, помини некое време со другарите или семејството ... Секогаш е полесно кога ќе ја споделиш тагата, затоа можеш да разговараш со Бушавко!

Депресивно

Кога една врата на среќата се затвора, се отвора нова, но ние не ја забележуваме затоа што гледаме во затворената. Во ред е да се чувствуваш депресивно. Постојат многу начини преку кои може да го промениш расположението, на пример разговарај со Бушавко или слушај ја твојата омилена песна!

Исплашено

Понекогаш е страшно да се соочиме со предизвиците и проблемите. Стравот е една од основните емоции на човекот. Стравот ни помага да се заштитиме. Да се чувствуваш исплашено е многу природно и во некои ситуации е од голема помош. Додека некои стравови се вродени, многу стравови се научени.

Како и сите емоции и стравот може да биде благ, среден или силен, во зависност од ситуацијата и личноста. Чувството на страв може да е кусо, или може да трае подолго.

Но не си сам/а! Можеш да му пишеш на Бушавко кога и да се чувствуваш подготвен/а за разговор!

Анксиозно

Стресот и анксиозноста можат да ни го променат расположението но истите може да ги исконтролираш едноставно со длабоко вдишување и издишување!

Што е анксиозност?

Анксиозноста е чувство на страв, загриженост и вознемиреност. Може да предизвика да се испотиш, да чувствуваш немир и напнатост и забрзано да ти чука срцето. Тоа може да биде природна реакција на стресот. На пример, може да се чувствуваш анксиозно првиот ден во училиште или ново училиште, пред тест, кога одговараш или зборуваш пред поголем број луѓе или пред да одлучиш нешто

Налутено

Лутина се доживува кратко и брзо заминува. Лутината се победува со љубов! Потсети се на најубавите моменти и вдиши длабоко. Наједноставен начин да ја отфрлиш е да ја ослободиш од себе со кратка прошетка во паркот!

ЗАПОЗНАЈ ГО НАШИОТ ТИМ

Советувачи кои можат да ти помогнат

КЛЕА
КЛЕА

Психолог

Јас сум психолог, но сум и зелен активист. Со нетрпение очекувам да споделуваме и радост и тага... зошто да не, па сите чувства се сосема во ред.

АЛЕК
АЛЕК

Волонтер

Јас сум Алек, волонтер на Ало Бушавко и ги завршувам студиите за специјална едукација и рехабилитација. Верувам дека секој има свои таленти и може многу да направи.

МАРИЈА
МАРИЈА

Волонтерка

Како волонтерка на Ало Бушавко со задоволство го посветувам моето време, знаење за да помогнам. Пред крајот на студиите по право сум и сакам што повеќе да знам за правата на децата.

ВИКИ
ВИКИ

Психолог

Многу сакам кога луѓето ги правам среќни и не се откажувам лесно кога сакам некому да му ги покажам убавите работи што ги има во себе а не ги гледа. Психолог сум и на Ало Бушавко две години. Работам со млади, умни луѓе кои секојдневно ме воодушевуваат.

ЈУЛЕ
ЈУЛЕ

Криминолог

Во Меѓаши сум веќе цела година, од почетокот на 2021, а она што најмногу ми падна во очи е мотото на Меѓаши – „Поправеден свет за секое дете“! Правата на децата се мојата желба за учење и за работа.

МИМИ
МИМИ

Професорка

Јас сум професорка по англиски и цел живот сум со деца и сета радост и енергија ја црпам од вас. Секогаш сум тука за вас, за какво и прашање да имате, ќе најдеме одговор или решение.

МАЦА
МАЦА

Волонтерка

Завршувам психологија, сакам да работам со деца и адолесценти и во моментот одам на пракса кај логопед кој работи со деца со типичен развој, а исто така и со дисхармоничен развој и аутистичен спектар.

ЈОЦИ
ЈОЦИ

Психолог

Има голема мудрост кај вас децата и младите! Секогаш можам да научам многу од вас. Затоа верувам во детското и младинското учество и ви давам силна поддршка за тоа.

ПОБРЗАЈ

Ако ти треба помош
јави се на Ало Бушавко