Дете се смета секое лице до наполнети 18 години живот, како и лица со пречки во телесниот и менталниот развој до наполнети 26 години живот, според Законот за детска заштита (член 11) и според Конвенцијата за правата на детето се смета за дете (член 1);
Помлад малолетник е малолетник кој има наполнето 14 години, а нема наполнето 16 години (3акон за малолетничка правда, Член 12)
Постар малолетник е малолетник кој наполнил 16 години, а не наполнил 18 години (3акон за малолетничка правда, Член 12);
Помладо полнолетно лице е лице кое наполнило 18, а не наполнило 21 година (3акон за малолетничка правда, Член 12)
Ало Бушавко постои пред се' за децата и младите и секогаш се грижи дали некое право на детето е почитувано или повредено и дава совет или предлага акција што е во нивен најдобар интерес.
Ало Бушавко нуди повеќе комуникациски канали: број од фиксен телефон 02 2465 316, мобилен телефон 070 390 632, онлајн чет опција на веб страницата Ало бушавко, емаил, како и посета на нашите простории. За последната можност (посета на просториите), за време на пандемијата со Ковид-19 постои ограничување и истата може да се договори со претходно закажување преку телефон/емаил порака.
Веб страницата Ало Бушавко исто така нуди и советодавни, информативни, едукативни содржини за родители и за возрасни што работат со деца на различни теми. Доколку не можете да најдете информација за тоа што ве интересира, можете да ни пишете и дополнително да ви обезбедиме одговор.
На Ало Бушавко работат волонтери од разни области: псохолози, криминолози, специјани едукатори и рехабилитатори, правници, социјални работници, педагози и др. Тие одговараат на повиците на децата, младите, родителите и други лица. Воспоставуваат доверба со јавувачот, внимателно го слушаат давајќи му простор секому да го искаже својот проблем, дилема или прашање и според природата на повикот даваат соодветни совети, упатуваат до соодветна инситуција, пробуваат да им помогнат на јавувачите да изнајдат правилно решение како е најдобро да се постапи со одреден проблем. Без разлика на природата на повикот, секој повик се разгледува поединечно, без споредување со други слични повици, со цел да се даде приоритет и важност на секоја приказна одделно.
Не постои магично решение за ниту еден проблем. Колку и да се обучени советувачите тие не се во состојба веднаш да го решат кој и да е проблем. Тоа што се нуди е бесплатно психосоцијално и правно советување, поддршка и насочување, упатување до државна институција која е надлежна за конкретниот проблем.
За секој проблем за кој што се бара некаква постапка, тимот на Ало Бушавко разговара и тимски одлучува за следните чекори. По потреба се вклучуваат и други членови од Меѓаши.
Како невладина организација можеме да го направиме следното:
Немаме никаква надлежност да го направиме следното: